Достапни линкови

Кина, Венецуела и Сирија ја поздравија победата на Путин


Владимир Путин по победата на претседателските избори во Русија

Владимир Путин по победата на претседателските избори во Русија

Кина, Венецуела и Сирија ја поздравија победата на Владимир Путин на вчерашните претседателски избори. Кинеското министерство за надворешни работи и претседателот Ху Џинтао сооштија дека Кина го почитува изборот на рускиот народ. Венецуелскиот претседател Хуго Чавез и сојузник на Русија го нарече Путин движечката сила во односите меѓу двете земји.
Националните медиуми во Сирија јавија дека враќањето на Путин во Кремљин ќе има влијание врз меѓународните односи со што ќе се подобри заемното почитување без да има вмешаност во внатрешни работи на земјите.
XS
SM
MD
LG