Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ - Претседателските избори во Русија не беа фер


Тонино Пицула

Тонино Пицула

Странските посматрачи на претседателските избори во Русија денеска оценија дека на нив бил фаворизиран Владимир Путин. Шефот на краткорочната посматрачка мисија на ОБСЕ, Тонино Пицула изјави дека на изборите немало вистинска конкуренција и оти со помош на владини ресурси била обезбедена сигурна победа на Путин. И руските независни посматрачи соопштија дека на изборите имало многу нерегуларности. Во меѓувреме, лидерите на Кина, Венецуела и Сирија веќе му ја честитаа победата на Путин.
XS
SM
MD
LG