Достапни линкови

Министерот Попоски на средба со амбасадорите од ЕУ во Македонија


Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска одржа работен појадок со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија во Република Македонија.
На средбата, како што соопшти Министерството за надворешни работи, Попоски ги реафирмирал аргументите за што побрзо отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, подвлекувајќи ги заедничките придобивки од почетокот на овој процес, како за Македонија, така и за ЕУ, вклучително и Грција.
XS
SM
MD
LG