Достапни линкови

logo-print

Обама ќе го убедува Нетанјаху да не го напаѓа Иран


Американскиот претседател Барак Обама денеска во Вашингтон ќе има средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Како што е најавено, Обама ќе се обиде да го убеди Нетанјаху да не превзема воена акција против Иран во врска со неговата нуклеарна програма. Обама е на став дека Иран не смее да има нуклеарно оружје, а Соединетите Држави стојат зад безбедноста на Израел, но не би сакале да бидат вовлечени во нова војна.
XS
SM
MD
LG