Достапни линкови

logo-print

Обама повикува да не се зборува напразно за војна со Иран


Американскиот претседател Барак Обама во неделата изјави дека има премногу „празно говорење” за војна со Иран и потсети на „тежината на прашањето”.
„Би замолил да ги имаме предвид тежината на овие прашања; нивното влијание врз Израел, врз Америка и Светот. Веќе многу напразно се говори за војна. Во изминативе неколку недели придобивки од ваквото говорење има само иранската влада и тоа од растот на цената на нафтата, од која зависат финансиите на нивната нуклеарна програма“. Обама рече дека Иран за сега нема нуклеарно оружје и дополни дека САД и Израел од близу го следат развојот на иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG