Достапни линкови

Путин во водство на претседателските избори


Актулениот руски премиер Владимир Путин на гласањето

Актулениот руски премиер Владимир Путин на гласањето

Резултатите по претседателските избори во Русија покажуваат дека актулениот премиер Владимир Путин ќе освои речиси 60 насто од гласовите, според изборните агенции. Шефот на изборната комисија Владимир Чуров ги соопшти прелиминарните резултати од изборите. Досега се пребројани 14 ипол насто од гласовите, од кои 61.81 се во корист на Владимир Путин.
Фондацијата за јавно мислење му предвидува на Путин 59.3 насто од гласовите, а Рускиот центар 58.3. ФОМ на комунистичкиот лидер Генади Зјуганов му го додели второто место на изборите со 18.2 насто до гласовите, а по него следи Михаил Прохоров со 9.6 , Владимир Жириновски со 8.01 и Сергеј Миронов со освоени 4,3 насто од гласовите.
XS
SM
MD
LG