Достапни линкови

Премиерот Груевски на ново роад шоу во Индија и Малезија


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Делегација на Владата предводена од премиерот Никола Груевски, министерот за финансии, Зоран Ставрески, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони, Виктор Мизо, од утре до 8 март ќе престојува во Индија. Делегацијата ќе ги посети градовите Њу Делхи, Пуне и Бомбај, каде што ќе се одржат презентации на инвестициските можности на Македонија и ќе има средби со заинтересирани индиски корпорации.
Делегацијата по посетата на Индија, ќе отпатува и за Малезија.
XS
SM
MD
LG