Достапни линкови

logo-print

Жбогар: Косово сега има изгледи за европска иднина


Специјалниот претставник и шеф на канцеларијата на ЕУ на Косово Самуел Жбогар изјави дека Косово сега има изгледи за европска иднина повеќе отколку претходно, но дека за да напредува на патот на евроинтеграциите морa „да промени многу нешта” и да направи сериозен напредок во сферата на владеењето на правото. Тој изјави дека Косово се наоѓа на првото, а Србија на петото од вкупно седум скалила кои водат кон европска интеграција. Претставникот рече дека евроинтеграциите имаат седум скалила и тоа: студија за изводливост, спогодба за стабилизација, предавање молба за членство, студија на изводливост со препорака за почеток на преговори, добивање статус на кандидат, одредување датум за преговори и на крајот - преговори за членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG