Достапни линкови

Најавено првото национално истражување за семејно насилство


илустрација: семинар за справување со семејното насилство во Скопје

илустрација: семинар за справување со семејното насилство во Скопје

Во текот на овој месец низ државата ќе биде спроведено првото национално истражување за семејното насилство, семејните односи и условите за живот во домаќинствата. Проектот има за цел е да се најдат причините за семејното насилство за да може да се преземат соодветни мерки и истиот ќе биде спроведен со финансиска поддршка на Обединетите нации. Резултатите ќе бидат готови во мај, а анкетните листови ќе се потполнуваат во домовите на случајно избрани 2.000 лица на возраст од 15 до 65 години. Според министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, лани е регистриран пораст на физичкото и психичкото насилство за околу 23 отсто, што значи дека расте и свеста на машката и женска популација за пријавување на насилството.
XS
SM
MD
LG