Достапни линкови

logo-print

Доделени првите 40 решенија за национални пензии во културата


Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски ги додели првите 40 решенија за национални пензии во согласност со измените на Законот за културата. „Вашите дела се врежани во многу македонски книги, ликовни дела, новинарски текстови, театарски и балетски претстави, многу песни и легендарни стихови. Вашите успеси се поткрепени со многу награди и признанија, а маркантен е придонесот кој сте го дале во градењето на културниот мозаик во Република Македонија”, рече премиерот. Министерката Канческа-Милевска рече дека денеска со „многу малку“ им се возвраќа на уметниците за нивното непроценливо „многу“, но истовремено се прават и големи чекори во историската потреба за валоризирање на трудот на уметниците. Дел од уметниците сметаат дека ваков вид признанија конечно требале да се случат, бидејќи сите работат со голем труд и вложувања во уметноста.
XS
SM
MD
LG