Достапни линкови

Саркози: Незамисливо е Балканот да не биде дел од ЕУ


Францускиот претседател Никола саркози поздравувајќи ја одлуката за доделување на кандидатски статус на Србија, меѓу другото рече дека за него е незамисливо Балканот да не биде дел од ЕУ, јави дописникот на МИА од Париз. „Во мојот дух е незамисливо само еден дел од земјите на Балканот да бидат дел од ЕУ а другите не. Посебно Србија. Не велам веднаш и неодложно, бидејќи добро го гледам патот кој треба да се изоди.“ рече францускиот претседател. Тој притоа потсети дека регионот на Балканот во минатото бил извор на војни во Европа .
XS
SM
MD
LG