Достапни линкови

logo-print

„Мудис” го намали кредитниот рејтинг на Грција


Американската кредитна рејтинг агенција „Мудис“ ја намали оценката за Грција на најниско ниво „С“, од претходното „Са“. Агенцијата тврди дека одлуката е поради предлогот на Атина за преструктуирање на нејзиниот јавен долг, при што приватните инвеститори ќе загубат 70 проценти од својот влог. Кон почетокот на неделава и „Стандард и пурс“ исто така го намали рејтингот на Грција до ниво на селективен банкрот, а минатата недела кредитна агенција „Фич“ исто така го намали грчкиот кредитен рејтинг.
XS
SM
MD
LG