Достапни линкови

logo-print

Претседателот Иванов: ние сме Европа


Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов денеска во Салцбург беше инаугуририан за протектор на Европската академија на науки и уметности, ЕАНУ.
Обраќајќи се пред присутните професори, научици, членови на Сенатот и почесните гости на 22-та пленарна сесија на ЕАНУ, претседателот Иванов истакна дека неговото назначување за заштитник на Европската академија преставува голема чест, и не само лична афирмација за него, туку и јасно признание за Македонија и македонскиот народ. ,,Со гордост можам да кажам дека во академска, научна, образовна и културна смисла, ние сме Европа. Можеме и сакаме да ги споделиме нашите вредности, знаења и вештини со членовите на ова прогресивно семејство. Со нетрпение очекувам да го видам денот кога Македонија ќе стане членка на ЕУ. Како членка со исти права и обврски, ние ќе ги исполниме соништата на многу генерации,, рече Иванов.
XS
SM
MD
LG