Достапни линкови

Сирија: продолжува гранатирањето врз Хомс


Сиријски активисти јавуваат дека владините сили го продолжиле гранатирањето врз Хомс и не дозволувале конвој со хуманитарна помош на Црвениот крст да влезе во градот. Активистите јавуваат дека биле забележани и жестоки борби меѓу владините сили и бунтовниците во провинцијата Идлиб во близина на границата со Турција. Синоќа, генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун изрази вознемиреност од вестите што доаѓаат од сиријскиот град Хомс, според кои, владините сили вршеле егзекуција и тортура врз цивилите.
XS
SM
MD
LG