Достапни линкови

Активирана експлозивна направа во двор во тетовското село Нераште


Експлозивна направа, најверојатно бомба кашикара, била активирана од засега непознат сторител или сторители во дворот на И.К. од тетовското село Нераште. Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, настанот се случил синоќа околу 21 часот, а од експлозијата нема повредени. Нанесена е материјална штета на фасадата и прозорците на куќата на И.К., како и на соседната куќа од неговиот брат Л.К. кој моментално е на привремена работа во странство. Од полицијата преземаат мерки и активности за откривање на сторителите и нивните мотиви за инцидентот.
XS
SM
MD
LG