Достапни линкови

logo-print

На претседателските избори на кои главен фаворит е поранешниот шеф на државата и сегашен премиер Владимир Путин, треба да гласаат скоро 110 милиони граѓани со право на глас.

Покрај Владимир Путин кој на таа функција беше веќе два пати од 2000 до 2008 година, кандидати за претседател се и лидерот на Комунистичката партија Генадиј Зјуганов, шефот на Праведна Русија Сергеј Миронов, лидерот на Либерално демократската партија Владимир Жириновски и бизнисменот Михаил Прохоров.

Со измените на Уставот и на изборните закони, направени пред четири години, за прв пат претседателот се избира на шест години, а укинат е и минималниот цензус за излезноста на избирачите за валидноста на гласањето.

Победник е оној што на првиот круг ќе добие повеќе од 50 насто од гласовите на избирачите кои излегле на изборите.

Во случај ниеден кандидат да не добие толкав број гласови, тогаш се одржува втор круг.



На над 95 илјади избирачки места ќе гласаат скоро 110 милиони луѓе со право на глас.

Врз основа на одјавни листи граѓаните имаат можност да гласаат и на друго изборно место што, според опозицијата, ги зголемува сомневањата дека некои ќе можат да глсаат и по неколку пати.

За прв пат на скоро сите избирачки места се монтирани и веб камери, кои, според иницијаторот на идејата Владимир Путин, треба да обезбедат контрола во почитувањето на изборниот процес.

На изборите се пријавени и 700 меѓународни посматрачи и тоа од ОБСЕ и од Парламентарното собрание на Советот на Европа.
За прв пат на скоро сите избирачки места се монтирани и веб камери, кои, според иницијаторот на идејата Владимир Путин, треба да обезбедат контрола во почитувањето на изборниот процес.


Сите избирачки места ги чуваат и припадници на полицијата. За петти март и провладините и опозиционите групи најавија митинзи во Москва.

Движењето ,,За чесни избори,, доби дозвола од московските власти за одржување на протестот на Пушкиновиот плоштад. Властите предупредија дека на подрачјето на Кремљ нема да дозволат никакви акции.

Конечните резултати ќе бидат познати до 14 март, а до 17 март мора и официјално да бидат соопштени.

Претседателот на Русија, според Уставот е најмоќната институција во земјата. Тој е командант на оружените сили и одговорен за надворешната политика.


Претседателот наименува премиер во согланост со Државната Дума, односно долниот дом на парламентот.

Деновиве Владимир Путин во интервју со уредници на шест странски весници во Москва изјави дека би можело да се трка и за четврти претседателски мандат на изборите во 2018 година.

,,Тоа би било нормално, доколку работите одат добро и доколку така сака народот,, изјави Путин, додавајќи дека тој не знае дали би сакал да остане на власт повеќе од 20 години. ,,Се уште немам донесено таква одлука,, изјави Путин кој во таков случај би бил на власт 24 години.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG