Достапни линкови

logo-print

Иран: на изборите водат опонентите на Ахмадинеџад


Претседателот Махмуд Ахмадинеџад по гласањето во Техеран

Претседателот Махмуд Ахмадинеџад по гласањето во Техеран

Првичните одгласи од иранските парламентарни избори покажуваат дека конзервативните опоненти на претседателот Махмуд Ахмадинеџад биле во големо водство. Приврзаниците на Врховниот лидер ајатолахот Али Камени воделе во повеќе изборни единици, додека помладата сестра на Ахмадинеџад, Парвин загубила во нивниот роден град Гармсар. Во Иран е во тек пребројување на гласовите од вчерашните парламентарни избори кои ги бојкотираа рефомистите во таа земја. Првичните официјални резултати се очекуваат утре. Повеќе од 3 илјади и 400 кандидати се тркаа за 290 места во иранскиот Меџлис. Станува збор за прво гласање по спорните претседателски избори во 2009 година на кои беше реизбран Махмуд Ахмадинеџад. Вчерашните избори беа продолжени за пет часа поради, како што соопштија властите, големиот одѕив на гласачите.
XS
SM
MD
LG