Достапни линкови

Национални пензии во областа на културата во Македонија


Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска ќе ги додели првите 40 решенија за национални пензии. Тоа е во согласност со измените на Законот за културата со кои се отвори можноста уметниците и другите стручни работници од областа на заштитата на културното наследство, кои се добитници на наградите „11 Октомври“, „Св. Климент Охридски“ и „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во културата или за животно дело, да имаат право на месечен надомест од Министерството за култура во висина на разликата меѓу пензијата што ја остваруваат и највисоката пензија во Македонија. Додатокот на пензијата е потврда на грижата за уметничките вредности на делата создавани од македонските културни творци кои овозможија нашата земја да биде дел од светската културна ризница.
XS
SM
MD
LG