Достапни линкови

Договор за фискална контрола на ЕУ


Шефовите на државите или владите на ЕУ вчера во Брисел ја потпишаа новата повелба со која се ограничува државната потрошувачка. Цел на оваа таканаречена фискална спогодба е постигнување поголема политичка и економска соработка и зацврстуввање на долгорочната доверба во европскиот финансиски систем. ,,Тоа ќе не доведе, како што и треба, до европска монетарна унија која конечно ќе може да стои на свои нозе,, изјави претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј. Сепак, спогодбата не ја потпишаа Британија и Чешка. Неколку часа по потпишувањето шпанскиот премиер Маријано Рахој објави дека вкупниот дефицит на Шпанија ќе биде 5,8 наместо 4,4 насто како што претходно вети официјален Мадрид.
XS
SM
MD
LG