Достапни линкови

Пребројување на гласовите од изборите во Иран


Во Иран почна пребројувањето на гласовите од вчерашните парламентарни избори. Првите резултати се очекуваат утре. Повеќе од 3 илјади и 400 кандидати се тркаа за 290 места во иранскиот Меџлис. Станува збор за прво гласање по спорните претседателски избори во 2009 година на кои беше реизбран Махмуд Ахмадинеџад. Вчерашните избори беа продолжени за пет часа поради, како што соопштија властите, големиот одѕив на гласачите. Врховниот лидер ајатолахот Али Каменеи изјави дека ваквиот одѕив е силна порака до иранските непријатели.
XS
SM
MD
LG