Достапни линкови

СДСМ предложи нови економски мерки, кои за ВМРО-ДПМНЕ се социјалистички


По објавувањето на пакетот од 15 економско-социјални мерки денеска СДСМ презентираше уште пет мерки кои се насочени кон проблемот со ликвидноста во стопанството.
Од СДСМ предлагаат Владата и јавните претпријатија да имаат законска обврска јавно да го објавуваат нивото на задолженост кон приватниот сектор, државата да им издава гаранции на фирмите кон кои има долг доспеан повеќе од 15 дена, а задолжницата да не важи само за стопанството, туку и за државниот сектор. Се предлага и задолжителна мултилатерална компензација на побарувањата и обврските во македонската економија еднаш квартално во 2012 година.
Потпретседателот на партијата Зоран Јовановски рече дека Владата треба да го воведе и т.н. „даночен празник“ во текот на еден ден во годината, односно кога граѓаните би биле ослободени од плаќање на ДДВ при купување на производи произведени во Македонија кои имаат вредност до 20 илјади денари.
- Тоа значи дека саботата, еден ден пред празникот Велигден би се прогласила за „даночен празник“. На тој ден, граѓаните би можеле да купат македонски производи многу поевтино, затоа што сите плаќања на граѓаните од 8 до 18 часот би биле ослободени од плаќање ДДВ.

За ВМРО-ДПМНЕ предлозите од СДСМ се социјалистички

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на СДСМ оценува дека предложените економски мерки од опозициската партија се од времето на социјализмот и не се применуваат во ниту една современа европска држава.
- Граѓаните не веруваат на вакви евтини приказни и неодговорни ветувања. Тие веруваат на конкретни мерки, кои ВМРО-ДПМНЕ ги спроведува: Купи куќа, купи стан, намален ДДВ за станови и туризам, евтини кредити за мали и средни претпријатија со камата од 5,5 проценти, минимална плата, субвенции за енергетските трошоци, покачување на платите, изјави Бичиклиски
XS
SM
MD
LG