Достапни линкови

logo-print

Меѓународните конвенции за правата на младите и нивното унапредување


Беким Мемети, Претседател на Форумот на млади на ДУИ во Тетово

Беким Мемети, Претседател на Форумот на млади на ДУИ во Тетово

На младите албанци не им недостига храброст, образование, енергија. Нивниот главен хендикеп е недостигот од меѓународна соработка.

Земјте во транзиции посветуват големо внимание на едукацијата на младите и во целина на сите граѓани, и оваа обврска ја остваруваат фокусирајќи се на: придобивките од знаењето, солидаризација со луѓето со посебни потреби, грижата за животната средина, вредности и ставови за мирна коегзистенција и толеранција со другите.

Меѓународните институции ги исполнуваат неопходните дејаниа за да се промовира образованието, човековите права кои им се потребни на луѓето. Младите луѓе не се гледаат само како главни корисници на ова образование, туку и како соучесници во целиот овој процес. Иницијативите на овој процес се предложени од нацрт Декларацијата за образование и човекови права.

Овој предлог беше подготвен од страна на Советот на ОН за човекови права. Генералното собрание на ОН кон крајот на 2009 година, преку Резолуцијата A/RES/64/134, која е прогласена за Меѓународна година на млади (12 Август, 2010 година - 11 Август 2011). Советот на Европа веќе, во 2010 година, ја донесе Повелбата за едукација и за демократско граѓанско образование за човекови права, која во себе ги содржи: човековите права, демократијата, владеењето на правото и спречувањето на повредите на човековите права.
Оваа карта обезбедува основа за понатамошно унапредување на човековите права и образованието на локално и национално ниво.

Во однос на општото формулирање на политиките за млади, сите држави за основа го земат членот 100 од овој договор за создавање на акциона програма во Европската заедница „за младите луѓе,", Белата книга на Европската Комисија, со датум 21 ноември 2001 година,наслов "поттик за младите во Европа".
Предлог цели на оваа стратегија се поддржани како инструмент на политиката за програмата на младите за поддршка, која е наречена "Млади во акција" за периодот 2007-2013 година, одобрена од Советот на ЕУ и Европскиот парламент бр.152, со датум 14.07.2004, отворете на нашата земја.

Улогата на младите во политиката

Организациската поставеност на младите во политичките партии се развива во младинските форуми, како младински организации во рамките на политичките партии. Младинските форуми се дел од креирањето на Статутот и политичката платформа на политичките партии.
Посакувам да ги надминеме овие бариери и да се создаде повисоко ниво на доверба со која ќе ги конкретизираме сите свои визии и идеи за во иднина.


Моќта во рамките на политичката партија најмногу се одразува во различните изборни кампањи, политичките дебати кои се занимаваат и се однесуваат и на други општествени активности. Политичкиот ангажман на младите секојдневно и во секој аспект е во пораст. Почнувајќи од тоа може да се каже дека политичката улога на младите е ставена на пиедестал кај секоја политичка партија.

Платформите на политичките партии во Македонија, најголем дел од нивните активности за младите ги пренесуват кај младинските организаци.

На овој факт укажува и платформата на Демократската унија за интеграција, која гласи;

"Младите луѓе ќе треба дa направат да се слушне нивниот глас. Целта е да се зголеми учеството на младите во општеството, во креирањето на општествените политики, како една од главите теми во последната деценија. И ќе овозможи можно "воскреснување" во рамките на Европската соработка во областа на младите и листа на иницијативи која треба да се применува во иднина:
• Воспоставување на механизми за дијалог меѓу младите и нивното учество во националната политиката преку младинските форуми..
• Поттикнување на учество на младите во демократија, младинските организации и граѓанските организации.
• Понатамошно развивање на можности за дебати меѓу државните институции и млади луѓе. "
Врз основа на оваа платформа лидерот на Демократската унија за интеграција г-динот Али Ахмети во текот на последната кампања на парламентарните избори даде посебен акцент на младите и нивното вклучување во политички ангажман.

Конечно можеме да констатираме дека на албанските младинци не им недостатува храброст, академска подготовка, сила и енергија и самосознание.
Главниот хендикеп на младите Албанци во овој момент е во недостатокот на соработката меѓу себе.

Посакувам да ги надминеме овие бариери и да се создаде повисоко ниво на доверба со која ќе ги конкретизираме сите свои визии и идеи за во иднина.


Беким Мемети
Претседател на Форумот на млади на Тетово филијалата на ДУИ
XS
SM
MD
LG