Достапни линкови

logo-print

Социјалните медиуми за граѓанско делување


Прва конференција за друштвени медиуми „Engage“.

Прва конференција за друштвени медиуми „Engage“.

За да се дојде до општествено видливи резултати од граѓански активизам, освен повиците и пораките кои се споделуваат на социјалните мрежи, потребно е да се излезе и на улица и да се преземат конкретни мерки велат говорниците на првата конференција за друштвени медиуми „Engage ( Ингејџ)“.

„Да објавеа на интернет Гоце Делчев и Даме Груев дека ќе го креваат Илинденското востание ќе имаа голем број на лајкови, но никој немаше да им дојде на Мечкин Камен.“ Со оваа реченица на Сашо Мацановски Трендо за едно радиско интервју може да се опише разликата меѓу онлајн и офлајн граѓански активизам во Македонија.
Видовме дека е можно и дека се случува една на почеток невина акција да се вмеша во високата политика, а притоа да го користи само интернетот како алатка, барем во првите неколку денови. Иако, не направивме ништо за да се смени лошиот систем, сепак, „протестирам“ имаше влијание во многу сфери.

За да се дојде до општествено видливи резултати од граѓанскиот активизам, освен повиците и пораките кои се споделуваат на социјалните мрежи потребно е да се излезе и на улица и да се преземат конкретни мерки, велат говорниците на првата конференција за друштвени медиуми „Engage“(Ингејџ).

Со протестите против полициската бруталност по убиството на младиот Мартин Нешкоски се покажа и потенцијалната моќ на младинскиот активизам во земјава. По тоа следуваа и неколку помали настани кои покажаа дека младите преку Твитер можат да се организираат и потоа да делуваат. Тамара Атанасовска на Првата конференција за друштвени медиуми „ Engage “.

Тамара Атанасовска на Првата конференција за друштвени медиуми „ Engage “.



Еден од тие примери е повикот на Твитер со хаштаг „топлина“ да се соберат пари за тетка Светлана, која откако го откажала парното греење почнала да собира гранчиња за греење. Македонските твитерџии собраа 9 илјади денари за еден ден, а покрај дрва за огрев биле донирани и прехранбени продукти.

Тамара Атанасоска, една од младите луѓе кои протестираа летово против полициската бруталност, вели дека
Едноставен пример за тоа е дека не може пред компјутер да засадите дрво, може пред компјутер да повикате да засадиме дрво, меѓутоа на крајот на денот мора да излеземе надвор и да го засадиме дрвото во земја.
најголемата придобивка од протестите е тоа што почна да се менува начинот на кој размислуваат луѓето.

„Видовме дека е можно и дека се случува една на почеток невина акција да се вмеша во високата политика, а притоа да го користи само интернетот како алатка, барем во првите неколку денови. Иако, не направивме ништо за да се смени лошиот систем, сепак, „протестирам“ имаше влијание во многу сфери. Јас сум сигурна, гарантирам дека секој еден што беше дел од тие максимум 5.000 луѓе што се свртеаа во тој месец ја знае, ја чувствува моќта на граѓанската акција и знае што се може да направи.“

Таа додава дека социјалните Дарко Булдиоски на Првата конференција за друштвени медиуми „ Engage “.

Дарко Булдиоски на Првата конференција за друштвени медиуми „ Engage “.

медиуми даваат добра инфрастуктура за да се практикува граѓанството за јавно добро.

Директорот на Младинскиот образовен форум, Марјан Забрчанец вели дека комбинираната употреба на знаење, активизам и интернет, односно истражување, идентификување на општествен
За „протестирам“, на Твитер многу бргу се дозна кој што знае и умее да работи, па одма се издвоија кои се дизајнери, кои знаат да работат видео, кои знаат да пишуваат текстови. После тоа, знаеме кого да „пингаме“ кога ни треба поддршка, а тоа се оние кои се секогаш спремни да работат за општо добро и тоа го прават.

проблем, мобилизација и акција се алатките со кои граѓаните треба да се служат за да создаваат општествени промени.

„Едноставен пример за тоа е дека не може пред компјутер да засадите дрво, може пред компјутер да повикате да засадиме дрво, меѓутоа на крајот на денот мора да излеземе надвор и да го засадиме дрвото во земја.“

Интернет консултантот за нови медиуми Дарко Булдиоски вели дека за да се спојат интернет активностите со нивно преточување во акција, потребно е да се запознае заедницата и нејзините способности.

„За „протестирам“, на Твитер многу бргу се дозна кој што знае и умее да работи, па одма се издвоија кои се дизајнери, кои знаат да работат видео, кои знаат да пишуваат текстови. После тоа, знаеме кого да „пингаме“ кога ни треба поддршка, а тоа се оние кои се секогаш спремни да работат за општо добро и тоа го прават.“

Се поставува прашањето дали е можно да се креира подобро граѓанско општество во Македонија преку социјалите медиуми, вели Атанасоска.

„Сега засега имаме многу мал импакт, барем јас така мислам, затоа што законодавниот дом нема многу слух за нашите барања, но мислам дека ние можеме да бидеме генерацијата која ќе смени нешто и која ги користи социјалните медиуми за граѓанско делување затоа што ни е многу јасно дека не можеме да им го наметнеме ова на постарите генерации кои се скроени за некои други вредности.“

Светот громогласно се менува. Младите демонстранти ширум светот ги употребуваат сите средства за да се слушне нивниот глас, да ги принудат владите да го преиспитаат начинот на владеење, да се побунат против растот на социјалниот јаз меѓу богатите и сиромашните, а новите медиуми многу им помогнаа во тоа.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG