Достапни линкови

Преглед на неделен печат


За дипламатската „офанзива“ на владата, за повторното актуeлизирање на загинувањето на претседателот Борис Трајковски и за извозот, пишуваат меѓу другото неделниците во своите последни изданија.

Фокус - Само Ѓоле може да го спаси НАТО од заблудата во која го доведе Грција

„Само Ѓоле може да го спаси НАТО од заблудата во која го доведе Грција“, е насловен уводникот во Фокус во која неделникот се осврнува на божем жестоката дипломатска офанзива што Преродбата, како што пишува, ја најавува и спроведува пред секој важен датум за нашите интеграции, значи во пресрет на мајскиот НАТО самит во Чикаго. Премиерот се виде со Ердоган и со Меркел. Шефот на МНР стигна дури до портпаролот на неговиот француски колега и до советникот на Саркози. Бесими се помоли со Обама и се сликаше со Шутановац... забележува неделникот дека, горе-долу, тоа е се' од нашата „дипломатска офанзива' пред Чикаго.
Премиерот се виде со Ердоган и со Меркел. Шефот на МНР стигна дури до портпаролот на неговиот француски колега и до советникот на Саркози. Бесими се помоли со Обама и се сликаше со Шутановац... забележува неделникот дека, горе-долу, тоа е се' од нашата „дипломатска офанзива“ пред Чикаго.
Фокус.
Ах, да, плус Иванов беше на свадба во Турција, ем напиша писма до претседателите на НАТО државите. И после се лути затоа што Западот не е свесен дека Грција ја држи Алијансата во заблуда. Па, со лутење од Штип ли ќе го освести? - кога меѓу две мудролии за иднината на текстилната индустрија Претседателот ги загуби нервите и сиот гнев го истури врз Вашингтон.

Море цел Запад си го окрка. Нас не' тераат да почитуваме принципи, а тие сега не го почитуваат Хаг - заклучува подбивно авторот на уводникот во Фокус.

Глобус - Борис Трајковски - или, мизеријата на нацијата

Фокус:Претседателот ги загуби нервите и сиот гнев го истури врз Вашингтон
Фокус:Претседателот ги загуби нервите и сиот гнев го истури врз Вашингтон
Од он-лајн изданието на Глобус ја одбираме редовната колумна „Од дистанца: Борис Трајковски - или, мизеријата на нацијата“, во која авторот тврди дека со актуелизирањето на трагичната погибија на претседателот Трајковски кај Мостар новото ВМРО на Груевски спроведува една од побизарните и монструозни операции со ликот на човекот кој му зададе страшен удар на национализмот, токму од вмровски тип, за да се реафирмира
Конкурентноста на една економија се мери преку извозот, но ако се мери конкурентноста на македонската економија преку извозот, тогаш стоиме мошне слабо.
Капитал.

национализмот од груевистички тип. Затоа што Борис Трајковски е антипод на Никола Груевски. По сите основи, Трајковски како прв човек на државата знаеше да пресекува и да донесува одлуки кои не беа по волја на неговата матична партија, но и на добар дел од јавноста. Светот го доживуваше Трајковски како рационален и како одговорен политичар. За разлика од него, Груевски кукавички бега од секоја тешка одлука, а неодговорноста, немањето визија, недостигот од желба да се соочи со вистинските проблеми и предизвици од него направија политичар - пимплач или политичар - блефер, кој успеа сопствената слабост и неспособност да ги претстави како национална доблест, пишува реизгнирано авторот на колумната во Глобус.

Капитал - Колку е успешна Македонија во извозот?

Во тематскиот прилог во Капитал, неделникот ја анализира темата извозот на Македонија и колку сме успешни во тоа. Конкурентноста на една економија се мери преку извозот, но ако се мери конкурентноста на македонската економија преку извозот, тогаш стоиме мошне слабо. Во трговијата со странство секоја година бележиме се' поголеми негативни разлики и дефицит, бидејќи увезуваме повеќе и се' и сешто, отколку што извезуваме. Кога во Македонија искрено за главна политичка и економска цел ќе се постави зголемувањето на извозот, тогаш економските програми и мерки наведени како приоритети на политичките партии ќе изгледаат многу поразлично од оние што ги гледавме досега, заклучува Капитал.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG