Достапни линкови

Иако некои имаат по 80 години и ги издава и здравјето, двата табори од Здружението на пензионери од Битола веќе две години се судат за превласт во раководните органи.

Се започна во мај 2010 година кога група пензионери организира паралелни избори, па го променаа претседателот Гавро Пановски, со Томе Илиоски. Потоа беше поведен управен спор и деновиве повторно Пановски е назначен за лидер на битолските пензионери, но досегашното раководство нема направено примопредавање.
Сега тие не можат да располагаат со средствата и се прават штети на здружението. Има околу 16.000 членови, користат право на набавка на дрва, прехрамбени продукти и друго. И сега практично ќе се спречи плаќањето.

„Сега тие не можат да располагаат со средствата и се прават штети на здружението. Има околу 16.000 членови, користат право на набавка на дрва, прехрамбени продукти и друго. И сега практично ќе се спречи плаќањето“, вели Љубе Неделковски, член на Извршниот одбор во здружението.

Пановски со судска одлука повторно е претседател на здружението, но зимава ја скршил ногата и не може да се појави на примопредавањето. Неговиот правен застапник Ристо Алексовски вели:

Пензионери во Битола

Пензионери во Битола

„Гавро Пановски не може да оди заради неговата влошена здравствена состојба има фрактура на колкот, операција, возраста е критична, се работи за околу 90 години. Токму поради тоа нагласено е во моето барање до здружението предавањето на предметите во владение да бидат лично преку мене.“

Но, досегашниот претседател Томе Илиоски бара примопредавањето да биде лично со неговиот опонент.

„Од Централниот регистар јас сум бришан како потписник на сметката, а запишан е Пановски. Во овој момент тој е потписник, но за да го предадеме здружението во владение да дојде лично Гавро да разговараме зашто ова е ребота меѓу него и мене“, вели Илиоски.

Ова здружение е едно од најимашливите во државата.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG