Достапни линкови

Десетина „изборни“ саботери уапсени во Иран


Иранските медиуми јавија дека се затворени 10 лица опишани како дојденци однадвор додека гласале на парламентарните избори. Тие наводно дошле од странство во Техеран. Претходно, иранскиот врховен верски лидер Али Хаменеи повика на масовен одзив на денешните парламентарни избори во Иран.
Тој изјави дека гласањето е верска обврска и оти масовниот одзив ќе бил силна порака до иранските непријатели во врска со нуклеарната криза со Западот. Аналитичарите предвидуваат дека кандидатите за пратеници блиски до Хаменеи, ќе бидат победници на изборите.
XS
SM
MD
LG