Достапни линкови

Иванов со честитки до Србија за кандидатскиот статус во ЕУ


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод добивањето статус кандидат за членство во Европската унија на Република Србија, упати писмо со честитки до српскиот претседател Борис Тадиќ.
Иванов ја поздравува посветеноста и постигнатиот напредок и успех на Србија на патот кон пристапување во европското семејство.
- Денешниот ден претставува уште еден голем историски исчекор кон европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Имајќи ја предвид мојата, но и на Република Македонија, голема посветеност на процесот на интеграции во ЕУ, се радуваме на Вашиот успех, тоа се добри вести за нашиот регион и позитивен сигнал и за останатите земји од регионот, истакнува Иванов.
XS
SM
MD
LG