Достапни линкови

logo-print

Делегацијата на ЕУ со жалење за инцидентот во Гостивар и повик за смирување


Делегацијата на Европската Уnija во Скопје соопшти дека изразува жалење за инцидентот во Гостивар на 28 февруари, кога, како што наведува, минорна расправија што излегла од контрола доведе до смрт на две лица. Сметаме дека локалните и централните власти вршат темелна истрага и ќе ги преземат потребните правни мерки. Исто така, веруваме дека политичките чинители и граѓанското оштество ќе се справат со чувствителноста на ситуацијата на одговорен начин и преку повик за смиреност, стои во соопштението.
Делегацијата на ЕУ ги осудува индивидуалните акти на насилство по инцидентот и ги повикува политичките лидери и другите чинители да заземат црврст став против какво било насилство, говор на омраза и уништување на имот.
XS
SM
MD
LG