Достапни линкови

logo-print

Рецесијата ги погодува и банките и фирмите


Еврозоната е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија и кризата може да влијае на работата на банките како и на работата на фирмите.

Ефектите од европската криза може да ја намалат кредитната активност, се согласуваат банкарите и претставници на бизнис секторот. Претседателот на здружението на банкари Ѓорѓи Јанчевски, во неделното интервју за Радио Слободна Европа што ќе го емитуваме в недела, вели дека рецесијата влијае и на работата на банките како и на работата на фирмите.
Сепак сметам дека она што го оствари банкарскиот сектор како пораст во кредитирањето од 9 проценти е значаен и на некој начин докажува дека банките не престанале да кредитираат и се уште не сме толку рестриктивни како што може да се сретне некаде по медиумите.

„Сепак сметам дека она што го оствари банкарскиот сектор како пораст во кредитирањето од 9 проценти е значаен и на некој начин докажува дека банките не престанале да кредитираат и се уште не сме толку рестриктивни како што може да се сретне некаде по медиумите.“

Еврозоната е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија и кризата секако може да влијае на домашниот реален сектор, смета Јанчевски.

„Тоа значи дека реалниот сектор ќе има помал обем на работење, ќе се воздржува од нови инвестиции и ќе се воздржува од задолжување, бидејќи не ќе можат тие воздржувања да ги покријат во иднина ако има намален обем на работа.“

Извесно е дека, барем според економска логика, развојните проекти страдаат во време на економска неизвесност или криза, но дали на фирмите им треба помалку капитал?

Мирче Чекреџи од Сојузот на
Во рецесија важно е фирмите да преживеат, тие ќе направат се за да опстанат, така да кредитирањето е еден од начините да се преброди рецесијата.

стопански комори одговара на прашањето дали компаниите би се воздржувале од заеми за тековни расходи доколку се интензивира негативното влијание од еврозоната?

„Во рецесија важно е фирмите да преживеат, тие ќе направат се за да опстанат, така да кредитирањето е еден од начините да се преброди рецесијата.“

Може да се очекува намалена кредитна активност и построги услови со оглед на случувањата во реалниот сектор во земјава, смета Чекреџи.

„Банките ќе бидат многу поконзервативни во одлучување на тоа на кому ќе дадат, на кого не, со оглед на тоа дека последните години бројот на нефункционални кредити е во пораст, така да тоа е сигнал исто така дека реалниот сектор не е во добра кондиција.“

Бројот на нефункционални, имено кредити кои не се исплатиле, според проценките на Здружението на банкари во фирмите лани изнесува вкупно 11.1 проценти.
XS
SM
MD
LG