Достапни линкови

Претседателот Ѓорге Иванов во посета на Австрија


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета на Австрија, во чии рамки ќе има средба со својот колега Хајнц Фишер. На средбата со Фишер, Иванов ќе информира за реформските процеси во Македонија, за пресудата од Хаг и очекувањата од претстојниот Самит на НАТО во Чикаго, како и за процесот за надминување на спорот за името во рамките на ОН. Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, ќе побара да продолжи поддршката за македонската евроинтеграција од Австрија, која важи за еден од најсилните поддржувачи на проширувањето на Унијата.
На средбата двајцата шефови на држави ќе разменат мислења и за билатералните односи, како и за прашања од регионално значење.
XS
SM
MD
LG