Достапни линкови

Втор мандат за Херман Ван Ромпуј


Лидерите на Европската Унија синоќа го наименуваа Херман ван Ромпуј за претседател на Европскиот Совет, што е втор мандат на таа функција за белгискиот дипломат. Во говорот по изборот, Ван Ромпуј изјави дека е почестен со таа одлука, додавајќи оти е голема привилегија да и служи на Европа во вака решавачки моменти, но и голема одговорност.
Функцијата претседател на Европскиот Совет е воспоставена со Лисабонскиот договор кој е потпишан во декември 2007 година, а една година подоцна Ван Ромпуј беше првиот дипломат кој беше назначен на таа должност.
Неговиот втор мандат ќе трае две и пол години.
XS
SM
MD
LG