Достапни линкови

Романија веќе не е против доделување на кандидатски статус на Србија


Романскиот претседател Трајан Басеску при пристигнувањето на средбата на Европскиот совет во Брисел изјави дека земјата повеќе нема приговори за тоа Србија да добие статус-кандидат за членство во ЕУ.
Претходно Букурешт беше против, поради недоволното почитување на правата на националните малцинства од страна на Белград.
Двете земји денеска го потпишаа Протоколот за статусот на малцинствата, по што романското вето беше надминато и се очекува Србија до вечер да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG