Достапни линкови

logo-print

Сирија ќе дојде до точка на вриење за брзо време?


Припадници на сириската ослободителна армија

Припадници на сириската ослободителна армија

Асистентот за Блискиот исток на американскиот државен секретар, Џефри Фелтман изјави денеска дека Сирија ќе дојде до точка на вриење најверојатно за многу брзо време. Фелтман говорејќи пред Комитетот за надворешни работи на Сентатот рече дека мора што поскоро да се стави крај режимот на претседателот Башар ал Асад, бидејќи што подолго тој ги навредува сириските жители се поголеми се шансите за војна и за пропаст на земјата.
Американскиот амбасадор во Сирија, Роберт Форд изјави дека режимот на Асад е под голем стрес од пред два до три месеци, поради санкциите и воените дезертери.
XS
SM
MD
LG