Достапни линкови

Хјуман Рајтс Воч-руските власти вршат притисок врз критичарите


Хјуман Рајтс Воч соопшти дека руските власти вршат притисок врз критичарите, додека се толерантни кон одржувањето на протести. Според соопштението на организацијата, властите го зголемиле притисокот врз медиуми, активисти и невладини организации кои планираат да ги набљудуваат претседателските избори на 4 март.
Неколку активисти биле нападнати или заплашувани во изминатите два месеци, а Националната банка во петокот ги блокирала сметките на акционерите во Новаја Газета, неделник кој е критички насторен кон Кремљин.
XS
SM
MD
LG