Достапни линкови

Протест против полициска бруталност во Скопје


Протести против полициска бруталност се одржаа во неколку градови во Македонија. Демонстрантите побараа оставка од министерката за внатрешни работи и расветлување на последниот случај со убиството на двајца гостиварци од страна на полицаец. Министерката повика настанот да не се користи за подгревање меѓуетничка нетрпеливост.

Стоп за полициска бруталност! Правда, правда, сакаме правда! Јанкулоска-оставка, извикуваа неколку стотини демонстранти кои протестираа против полициската бруталност, поттикнати од двојното убиство во Гостивар, кое го изврши полицаец кој не бил на службена должност, но го искористил службениот пиштол.
Сакаме да ни се исполнат барањата за независна контрола над МВР и да се воспостават сите оние механизми како редовни психолошки тестови и измени во законските акти кои ќе овозможат полицијата да биде навистина полиција на граѓаните, а не приватна полиција, само за некого.

Повикот за протести го испрати движењето „Стоп за полициска бруталност“. На зборното место за почеток на протестите се појавија неколку десетици Албанци кои носеа албански знамиња. За да не му се даде етнички предзнак на протестот, двете групи се договорија да се најде и македонско знаме и сите заедно да протестираат затоа што имаат исти барања - Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и портпаролот Иво Котевски да си дадат оставка, правдата да излезе на виделина и да се запре со полициската бруталност.

„Сакаме да ни се исполнат барањата за независна контрола над МВР и да се воспостават сите оние механизми како редовни психолошки тестови и измени во законските акти кои ќе овозможат полицијата да биде навистина полиција на граѓаните, а не приватна полиција, само за некого“, изјави Петрит Сарачини од движењето Стоп за полициска бруталност.
За една година загинаа тројца синови, двајца Албанци и еден Македонец, тоа е жалосно. Што прави оваа полиција? Нема право полицијата да му прави вака на овој народ. Зошто е поставена полицијата? Па таа треба да го чува народот..

Откако се договорија заедно да настапат со барањата, мирно протестираа почнувајќи од споменикот на Мајка Тереза на улица Македонија, преку Рекорд, до Собранието, а потоа до МВР. Но, на улицата пред Министерството, специјалните сили не ги пропуштија демонстрантите. Откако не добија објаснување зошто, демонстраните, во знак на протест, им го свртеа грбот и повторно се вратија пред споменикот на Мајка Тереза.

„Ајде да беше воена состојба, тогаш не се прашува, ама сега во мирна состојба да убиваш луѓе, тоа не е добро.“

„За една година загинаа тројца синови, двајца Албанци и еден Македонец, тоа е жалосно. Што прави оваа полиција? Нема право полицијата да му прави вака на овој народ. Зошто е поставена полицијата? Па таа треба да го чува народот.“
Ова е криминален акт како последица на националистичките политики на актуелната власт. И покрај трагедијата, ова не треба да влијае врз меѓуетничките односи, но надлежните институции треба да ја преземат одоговрноста.

„Ќе ја повикам госпоѓа Јанкулоска, таа треба да знае дека треба да постави ред и ќе го кажам и ова - за командир на полиција, за министер, треба да биде маж со мустаќи, не може она“, велат дел од повозрасните учесници на протестот.

Барања за правда и оставки од челниците во МВР побараа и гостиварци собрани на протест на градскиот плоштад.

„Бараме, но ако тие не реагираат ќе има и други мерки, ќе продолжиме со протестите“, вели еден од организаторите на протестот во Гостивар.

На протестот присуствуваше и градоначалникот Руфи Османи. Советот на Општината одржа вонредна седница на која беше донесена одлука за осуда на инцидентот и парична помош за семејствата на загинатите. Градоначалникот Руфи Османи го осуди двојното убиство и граѓаните ги повика да останат ладнокрвни на можни провокации.
Се работи за еден настан во кој двајца луѓе го загубија животот. Човечкиот живот не може да биде компензиран со ништо и затоа апелирам сите да се воздржат од обидите за профитерство и од обидите за подгревање на етничките тензии на сметка на овој случај.

„Ова е криминален акт како последица на националистичките политики на актуелната власт. И покрај трагедијата, ова не треба да влијае врз меѓуетничките односи, но надлежните институции треба да ја преземат одоговрноста.“

Протестот во Гостивар заврши со искршени прозорци и врати на неколку објекти., уништени возила, извикување на навреди кон Македонците, говор на омраза.

Протест, под мото „Стоп на насилството“ имаше и во Тетово.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска повика убиството во Гостивар да не се злоупотребува за поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост.

„Се работи за еден настан во кој двајца луѓе го загубија животот. Човечкиот живот не може да биде компензиран со ништо и затоа апелирам сите да се воздржат од обидите за профитерство и од обидите за подгревање на етничките тензии на сметка на овој случај.“

Инцидентот го осудија и од СДСМ и од ДПА. Од Демократската партија на Албанците побараа интервенција од меѓународниот фактор. Според нив, се врши репресивна политика врз Албанците што може сериозно да ја загрози ситуацијата.

Од ОБСЕ апелираа локалните власти, политичките партии и граѓаните да не го злоупотребуваат настанот, туку да соработуваат и да придонесат за смирување на тензиите меѓу заедниците.

„Верувам дека властите ќе спроведат целосна истрага и дека правадата ќе биде задоволена“, изјави шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Ралф Брет.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG