Достапни линкови

logo-print

Протести во Гостивар и Тетово поради двојното убиство


Полицијата на местото на убиството во Гостивар

Полицијата на местото на убиството во Гостивар

Во Гостивар денеска се одржа протест поради завчерашното убиство на двајца жители на градот. Демонстратите побараа извинување од портпаролот на МВР Иво Котевски бидејќи, како што рекоа, го правдал убиството и побараа реформи во полицијата и максимална казна за полицаецот што ги застрела лицата.
И во Тетово имаше краток протест, под мото „Стоп на насилството“. Членови на повеќе невладини организации соопштија дека протестот е со цел да покажат дека се против насилство, убиства и полициска репресија и побараа сторителот да биде казнет што побрзо.
XS
SM
MD
LG