Достапни линкови

Јанкулоска-меѓуетничките односи не се мотив за убиството во Гостивар


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави денеска дека мотивите за убиството на две лица во Гостивар не се поврзани со меѓуетничките односи, туку станува збор за банална расправија.
Јанкулоска на денешната прес - конференција по потпишувањето меморандум за соработка со амбасадорот на Велика Британија, Кристофер Ивон информираше дека МВР поднело кривична пријава за случајот. Според неа, министерството ги презело неопходните мерки и активности за документирање на случајот, со оглед на тоа што сторителот сам се пријавил во полициска станица.
Јанкулоска повика на трпеливост за да се испитаат околностите и да му се овозможи на судот да даде реална оценка за тоа како се случило кривичното дело.
XS
SM
MD
LG