Достапни линкови

ОБСЕ повикува на смиреност по инцидентот во Гостивар


Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Ралф Брет

Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Ралф Брет

Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Ралф Брет денеска го изрази неговото жалење за загубените животи при инцидентот во Гостивар на 28 февруари и им изрази соочуство на семејствата на жртвите. Брет изјави дека верува оти властите целосно ќе го истражат случајот и дека правдата ќе биде задоволена.
Тој ги повика локалните власти, политичките партии и невладините организации да не го злоупотребуваат инцидентот, туку заедно да придонесат да се смират тензиите меѓу заедниците.
XS
SM
MD
LG