Достапни линкови

logo-print

Развојна политика, а не промена на курсот на денарот


Претседателот Ѓорге Иванов во посета на текстилна фабрика во Штип.

Претседателот Ѓорге Иванов во посета на текстилна фабрика во Штип.

Дел од стопанствениците бараат промена на монетарната политика, која според нив не дава резултати. Експертите, пак, велат дека стопанствениците не треба да бидат дволични - кога се во присуство на власта да бида задоволни, а зад грб да велат дека не им чини.

Претставници на поголемиот дел од извозните компании деновиве излегоа со забелешки дека монетарната политика треба да се менува наведувајќки дека резултатите во стопанството јасно говорат дека досегашната политика не дава резултати. Економистите различно реагираат на барањето. Дел од нив го поддржуваат, а дел сметаат дека се работи за лицемерие.
Еднаш ќе ги слушнете во присуство на министрите и премиерот, устите им се полни со пофални зборови за тоа што го прави владата а после три дена ќе се жалат дека не им оди извозот и дека немаат перспектива. Значи јас прво не сум уверен што дефакто мислат стопанствениците, барем тие што во јавноста зборуваат, затоа што имаат дволични настапи, еднаш се е добро, еднаш ништо не им чини.

Поранешниот министер за финансии Никола Поповски истакнува дека е добро стопанствениците еднаш да решат дали е добро тоа што го прави владата или не. Тој ги прашува стопанствениците и дали стојат оценките кои може да се слушнат по различните комори на кои присуствуваат претставници на власта.

„Еднаш ќе ги слушнете во присуство на министрите и премиерот, устите им се полни со пофални зборови за тоа што го прави владата, а после три дена ќе се жалат дека не им оди извозот и дека немаат перспектива. Значи јас прво не сум уверен што фактички мислат стопанствениците, барем тие што во јавноста зборуваат, затоа што имаат дволични настапи, еднаш се е добро, еднаш ништо не им чини.“

Поповски го свртува вниманието и
ицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски и претседателот на Сојузот на стопански комори Златко Калеников

ицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски и претседателот на Сојузот на стопански комори Златко Калеников

на, според него, многу важниот факт дека не е монетарната политика виновник за она што се случува во Македонија. Реакциите на неколкуте извозници се природни, посебно ако се земе предвид дека тие ја сметаат монетарната политика за инструмент да се смени курсот и нивниот извоз автоматски да им
Немаме развојна компонента, тие остануваат исти како што биле пред 50 години, ние нешто мора да направиме на тој план да се промени, а паралелно на тоа и соодветни промени во монетарната политика, инаку само ако е монетарната политика, тоа е се на краток рок.
донесе повеќе денари. Но далеку од тоа дека така може да се поедностави работата, наведува Поповски нагласувајќи дека проблемот е во вкупната развојна политика.

„Ако ги прашате, едни стопанственици мислат дека е курсот и монетарната политика, меѓутоа други ако ги прашате, на пример граѓаните кои се врзани со увоз и стопанството на нафта, курсот може да им предизвика огромни дополнителни трошоци. Проблемот е во вкупната развојна политика што ја води владата.“

Професорката Марија Зарезанкова Потевска предупредува дека треба нов економски модел да се застапува, а не само да се направат промени во монетарната политика. Може да бидеме задоволни ако се решаат многу прашања во развојната политика, а потоа треба да се размисли дали треба да се смени стабилниот курс на денарот и на тој начин треба да се решат проблемите, наведува Зарезанкова.

„Немаме развојна компонента, тие остануваат исти како што биле пред 50 години, ние нешто мора да направиме на тој план да се промени, а паралелно на тоа и соодветни промени во монетарната политика, инаку само ако е монетарната политика, тоа е се на краток рок.“

Дел од извозните компании деновиве реагираа дека монетарната политика што се практикува во земјава не ги дава резултатите особено ако се земаат предвид дека како што оценија, разликата помеѓу извозот и увозот расте секоја година во полза на увозот, дека животниот стандард не се подобрува ниту се намалува невработеноста.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG