Достапни линкови

Во експлозијата во Истанбул, ранети 10 луѓе


Истанбул

Истанбул

Десет луѓе биле полесно повредени во денешната експлозија што се случила во близина на просториите на владејачката партија на премиерот Реџеп Таип Ердоган во Истанбул. Државната телевизија ТРТ јави дека во експлозијата најверојатно предизвикана од мотоцикл бомба биле уништени две возила. Шефот на истанбулската полиција Хусеин Чапкин изјави дека експлозивот бил активитран со далечински управувач и оти меѓу ранетите имало пет полицајци. Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
XS
SM
MD
LG