Достапни линкови

Кацин: Басеску и да стане на лева нога нема да гласа против


Известувачот за Европскиот Парламент од Србија Јелко Кацин синоќа изјави дека е уверен оти Романија „нема да прави проблем“ при гласањето за статус кандидат за членство на Србија во Европската Унија. Тој додаде дека е постигната согласност во Европскиот Парламент од мнозинството политички групи кои денеска ќе гласаат за препорака Србија да добие статус – кандидат. Кацин изјави дека е уверен дека Басеску „ и да стане денеска на лева нога нема да гласа против.“
XS
SM
MD
LG