Достапни линкови

ОН:Неказнивост нема да се толерира


Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, го назначи канадски обвинител Норман Фарел да биде новиот обвинител на специјален трибунал кој ќе го истражува убиството на поранешниот либански премиер Рафик Харири. Фарел, во моментот е заменик-обвинител на Меѓународниот кривичен суд. Портпаролот на ОН, Мартин Несирки соопшти дека Бан Ки Мун ја изразил подготвеноста на ОН да ја откријат вистината за бомбашкиот напад од 2005-та во кој загинаа Харири и 22 други луѓе. Минатата недела, ОН го продолжи мандатот на специјалниот трибунал за уште три години. Бан Ки Мун изјави дека е решен да „испрати порака дека неказнивост нема да се толерира“.
XS
SM
MD
LG