Достапни линкови

Навални: Путин би се прогласил себе си за цар


Рускиот опозиционен политички блогер Алексеј Навални изјави дека тој и другите опозициски демонстранти нема да ги признаат резултатите од претседателските избори, ако премиерот Владимир Путин победи. Навални рече дека протестите ќе продолжат се додека не се исполнат барањата за политички реформи и за нови избори.
„На нас ни е сосема јасно дека на 5 март, Путин ќе се самопрогласи за претседателот на Русија. Всушност, тој би се нарекол себе си и цар или император“, изјави Навални. Тој додава дека дека ќе продолжат со протестите со барање да се одржат нови парламентарни избори во рок од една година и нови претседателски избори во рок од две години.
XS
SM
MD
LG