Достапни линкови

Анан во мисија на убедување на сирискиот претседател


Пратеникот на Обединетите нации и на Арапската лига за Сирија Кофи Анан, Њујорк, 29.02.2012.

Пратеникот на Обединетите нации и на Арапската лига за Сирија Кофи Анан, Њујорк, 29.02.2012.

Пратеникот на Обединетите нации и на Арапската лига за Сирија Кофи Анан изјави дека ќе побара од претседателот Башар ал Асад да се вклучи во процесот за запирање на крвопролевањето во земјата. Поранешниот генерален секретар на ОН оцени дека се соочува со тешка задача која има за цел запирање на 11 месечното востание и на неговото насилно задушување од страна на режимот при што досега загинаа над 7 илјади луѓе. Претходно сиријската влада вети дека ќе го ,,исчисти,, Хомс од бунтовниците, а во близина на Баба Амр, исто така бунтовничко упориште, распореди елитна единица предводена од помладиот брат на Асад.
XS
SM
MD
LG