Достапни линкови

Кина и Јужна Кореа ја поздравија намерата на Северна Кореа


Специјалниот американски пратеник за Северна Кореа Глин Дејвис по разговорите со севернокорејски претставници во Пекинг, 24.02.2012.

Специјалниот американски пратеник за Северна Кореа Глин Дејвис по разговорите со севернокорејски претставници во Пекинг, 24.02.2012.

Кина и Јужна Кореа ја поздравија веста за постигнатиот договор околу нуклеарната програма на Северна Кореа. Пјонгјанг соопшти дека ќе ги прекине нуклеарните и ракетните проби, како и збогатувањето ураниум. Во замена, Северна Кореа ќе добие храна од Соединетите држави. Во соопштението на кинеското министерство за надворешни работи се наведува дека тоа ќе води кон мир на Корејскиот полустров. Официјален Сеул пак, прецизира дека на договорот му претходеле заеднички напори со Вашингтон за надминување на ќорсокакот и оти тоа е дел од обидите да се рестартираат шестпартитните преговори со цел Севрена Кореа целосно да се откаже од воената нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG