Достапни линкови

Грчкиот парламент донесе нови закони за штедење


Грчкиот парламент синоќа изгласа закон за намалување на државните трошоци за лекови и медицински услуги, како и за спојување на пензиските фондови. Тоа е дополнување на Законот донесен на 13 февруари за нов кредитен договор со ЕУ и ММФ. Парламентот усвои и пакет мерки кои се однесуваат на намалувањето на платите и пензиите и спојувањето на државни институции. Платите на локалните функционери се намалуваат за 10 проценти, додека минималната плата во приватниот сектор се намалува за 22 насто. Исто така за 300 милиони евра се намалуваат и воените трошоци. Целосно овој пакет мерки предвидува заштеда во текот на оваа година од вкупно 3,2 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG