Достапни линкови

Познати датумите за одржување на претседателските избори во Египет


Египетската изборна комисија соопшти дека на 23 и 24 мај е во план да се одржат првите претседателски избори по соборувањето на режимот на Хосни Мубарак пред една година.
Според комисијата ако е потребно гласањето може да се одложи до 16 и 17 јуни. Финалните резултати би се објавиле на 21 јуни, при што владејачкиот египетски воен совет ќе треба да ја предаде власта на цивилите до крајот на месецот. На гласањето нема да присуствуваат меѓународни набљудувачи.
XS
SM
MD
LG