Достапни линкови

Американски генерал побара Пакистан да ги отвори патиштата за НАТО


Војниците на НАТО во Авганистан

Војниците на НАТО во Авганистан

Американскиот генерал Вилијам Фрејзер изјави дека Пакистан мора повторно да отвори патиштата за НАТО со цел американските сили да го завршат повлекувањето од Авганистан до крајот на 2014 година. Пакистан минатата година ги затвори рутите и ги прекина односите со НАТО.
Генералот го информираше американскиот Сенат дека Таџикистан, Киргистан и Казахстан се сложиле американската опрема да биде пренесена преку нивната територија. Додека Русија и Узбекистан одобриле транзит рути за повлекување на опремата.
XS
SM
MD
LG