Достапни линкови

logo-print

Иванов-кај Грција нема волја за решавање на спорот со името


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов изјави дека за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција е потребен дијалог, но нашиот јужен сосед нема волја за такво нешто. Според него, Македонија потрошила 20 години да ја поттикне Грција и својот проблем го даваат да им го решава Европска унија и НАТО.
Иванов истакна дека вчерашните изјави на американскиот амабасадор во Македонија Пол Волерс и на генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен укажуваат дека Самитот на НАТО во Чикаго не е за проширување. Тој побара објаснување од НАТО зошто не ја почитува одлуката од Меѓународниот суд во Хаг, која укажува дека е направена грешка на Самитот во Букрешт.
XS
SM
MD
LG