Достапни линкови

logo-print

Нова истрага за авионската несреќа на Трајковски


Одбележување на осумгодишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски во Скопје.

Одбележување на осумгодишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски во Скопје.

Владата побара повторно отвoрање на истрагата за смртта на претседателот Борис Трајковски. Јавниот обвинител Шврговски најави дека Обвинителството ќе формира тим кој ќе го разгледува последниот извештај за авионската несреќа и ќе донесе одлука.

Владата побара повторно отворање на истрагата за несреќата во која пред осум години загина претседателот Трајковски, придружната делегација и пилотите на авионот, што значи дека извештајот со сите нови докази и факти ќе биде доставен до јавното обвинителство.
Извештајот ќе биде доставен и до дирекцијата за цивилна воздушна пловидба на Босна и Херцеговина за повторно отворање на истрагата од страна на земја што ја водела. На овој начин се прави уште еден обид да се разјаснат сите дилеми и контроверзи околу смртта на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски.

Јавниот обвинител Шврговски најави деја обвинителството ќе формира тим кој ќе го разгледува последниот извештај за авионската несреќа и ќе донесе одлука не најавувајќи во кој временски рок ќе биде завршена оваа постапка.

Извештајот ќе биде доставен и до дирекцијата за цивилна воздушна пловидба на Босна и Херцеговина за повторно отворање на истрагата од страна на земја што ја водела. На овој начин се прави уште еден обид да се разјаснат сите дилеми и контроверзи околу смртта на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски.

Во најголем дел, новиот извештај, во чие изготвување учествувале странски експерти, се базира на Одбележување на осумгодишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски во БиХ

Одбележување на осумгодишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски во БиХ

претходно објавениот од европарламентарецот Андреас Грос, којшто пред две години изрази сомнеж дека Трајковски е убиен, вината треба да се бара на запад рече тогаш Грос и во својот извештај тој рече дека е неопходна натамошна истрага.

Грос разговарал и со членови на семејството Трајковски кои му посочиле дека тој се чувствувал депримирано и загрижено пред патувањето. Според нив, Трајковски наводно бил жртва на неколку обиди за атентат и тоа еден месец претходно, вклучувајќи и автомобилска несреќа.

Некои медиуми во земјава објавија информации дека новата истрага ќе се води околу првите 26 часа од несреќата и активностите на СФОР во тој период, како и да се дојде до одговор на прашањата кој манипулирал со црната кутија и зошто недостасуваат 18 секунди од разговорите меѓу пилотите и контролната кутија, за пронајдените неоштетени предмети покрај пеплосаните тела како и некои други прашања за кои се смета дека не се доволно разјаснети.

Извештајот за истрагата треба да се достави и до Комитетот за правни прашања и човекови права при Европскиот парламент, до Советот на Европа, како и до европратеникот Грос.
XS
SM
MD
LG